Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.