Поврзи се

4NEWS.mk

Спасовски: Институциите непречено ќе функционираат, според ВМРО-ДПМНЕ власта ги блокира институциите

Published

on

Институциите ќе испорачауваат непречени и навремени услуги во периодот до организирање на предвремените парламентарни избори. Техничкиот премиер, побара од сите функционери, и од власта и од опозицијата да работат заедно, а сите проблеми кои министрите и замениците ги имаат да ги решат преку дијалог.

-Текстот продолжува по рекламата-

-Сите заедно мораме да функционираме, институциите да функционираат, да ги испорачаат сите услуги на граѓаните. Граѓаните да бидат сигурни, да нема неизвесност во однос на тоа како фунцкионираат институциите. Јас ги разбирам и едни и другите и оние кои што се дел од Владата овие две и пол години и оние кои што доаѓаат сега со нови мотиви дека треба да се докажат пред политичките елити, да влечат потези, меѓутоа сите тие заедно треба да знаат дека треба да влечат потези во интерес на граѓаните и во интерес на Република Северна Македонија, рече Спасовски.

Опозицијата, пак, обвинува дека власта е таа која ги блокира институциите, а министите од ВМРО-ДПМНЕ се сретнуваат со огромни злоупотреби кои власта ги правела во овие две и пол години.

-СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборниот пораз. Сценарионот не им се остварува. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ постојано се на терен помеѓу граѓаните, нивните тимови се во институциите и се работи на нормално фунцкионирање на државата, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Откако се формираше техничката Влада власта и опозицијата се во постојана преписка околу надлежностите и работата на министрите и замениците министри. Речиси идентични беа случувањата и во 2016 година, кога за прв пат се воведе моделот на техничка Влада пред избори.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com