Србинка со голема благодарност до Ана од Скопје: ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот

Србинката Александра на фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.

„За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила. Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, пишува таа.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.