Пратениците на опозицискиот Сојуз за Србија ќе ја бојкотираат утрешната седница на српското Собрание. Тие нема да учествуваат во работата и на републичкото и на локалните собранија, сè додека не се исполнат барањата на протестите „Еден од пет милиони“ и не се овозможат слободни и фер избори.
„Првиот следен чекор ќе биде формирањето на Асоцијацијата на слободни одборници, која треба да ја олесни соработката и координацијата на одборниците во услови на бојкот на работата на локалните парламенти“, се вели во соопштението, во кое се додава дека пратениците и одборниците на СзС ќе продолжат да се борат надвор од институциите на системот. “Не сакаат да бидат дел од фасадната демократија и да даваат легитимитет на еден тоталитарен режим, кој го гуши секое поинакво мислење, а политичките противници ги третира како државни непријатели“, порачаа од СзС.