Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ денеска се огласи по вчерашниот инцидент на концертот на неговиот ментор во шоуто Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, Цеца беше исвиркана откако развеа бугарско знаме.
Тој вели дека таа била изманипулирана од свој верен фан.
„Се разбудив со мисла за оние кои повеќе не се со нас, на Задушница во нивно име да ги спомнеме.. Ама денот сакал поинаку..
Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање. Задачата на музиката е сите да не сплотува Македонци, Срби, Бугари, Грци… сите сме ЛУЃЕ на светов! Не дозволувајте политиката да влијае на здравиот разум!! И едно знам дека ЦЕЦА не би го направила тоа намерно тоа е СИГУРНО. Додека се радував на сцената по победата на Звездите на Гранд таа иста жена, со мене заедно ја пееше БИСЕР БАЛКАНСКИ и го вееше МАКЕДОНСКОТО знаме.
Луѓе доста е! Престанете да ги користите уметниците во политички цели! Тие се тука да ви го разубават животот! Се буните сите а пола Македонија е со БУГАРСКИ ПАСОШ. Срамота!!
Ајде “ПАТРИОТИ” ве чекам во коментар! Вака да се буневте коа ни го менуваа името ќе беше се многу поубаво… ама прост народ знаете само да коментирате и да бидете “јаки” само на коментари и на тастатура..“, напиша тој.