Штрајкот на контролорите на летање во Грција, најавен за четврток, 28 август, не е легален, одлучи денес Првостепениот суд во Атина.
Ова значи дека летовите ќе продолжат нормално утре, објавува „Катимерини“.
Грчкото здружение на контролори на летање објави четиричасовен прекин на работата за четврток, 28 август, од 9:30 до 13:30 часот, а прекинот на работата е дел од штрајкот што го најави Конфедерацијата на синдикати на грчки државни службеници за утре.