Поврзи се

4NEWS.mk

Судскиот процес за „ТНТ“ одложен, Трајковски утре стражарно ќе биде донесен на суд

Published

on

Екс градоначаникот на Гази Баба Тони Трајковски утре ќе биде стражарно приведен откако ниту денеска не се појави на судењето за ТНТ. Судијата Огнен Ставрев тврди дека судскиот курир вчера не упеал да му врачи покана за денешното судење бидејќи на адресата на Трајковски немало никој.

-Текстот продолжува по рекламата-

Неговиот адвокат пак има сосема различно тврдење.

Судењето за ТНТ утре се очекува да почне од почеток откако денеска беше претставен новиот судечки совет, кој сега има тројца нови судии поротници од кои еден е резервен.

Одбраната утре ќе треба да пресече дали судењето ќе продолжи само со читање на сите вербални  и материјални докази или истите ќе треба да се изведуваат повторно. Дел од адвокатите веќе се изјаснија дека за нив многу поприфатлива опција е повтроното повикување на сведоци и изведување на докази.

Новиот старт на судењето за уривањето на комплексот Космос на Фијат Цановски е резултат на истечениот мандат на поротничката Лилјана Кочковска, која по 10тина дена неизвесност вчера поднесе неотповиклива оставка.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com