Тамара Тодевска: Ми го прекрстивте бебето (ФОТО)

Во вчерашните вести можевте да прочитате дека пејачката Тамата Тодевска која е бремена по вторпат, во интервју за 1ТВ го откри името на своето неродено бебе кое инаку ќе биде машко.

Веста инстантно се рашири по сите домашни поратли, а некој веројатно од брзање лошо слушнал, прочитал или згрешил во куцање, па наместо Дарен, напишаа дека бебето ќе се вика ДаренТ.

Кога Тамара го прочита ова, не можеше, а да не изреагира дека нејзиното се уште неродено синче веќе е прекрстено, па мораше да реагира.

-Не е Дарент, туку Дарен, напиша Тамара во објавата.

Инаку, пејачката вели дека ова и е лесна бременост и се чувствува одлично, а бебето треба да пристигне кон крајот на годината.

Тодевска и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски викендов беа на свадба. Во црн фустан, Тамара го покажа своето трудничко стомаче, а пејачката се фати за микрофонот и отпеја неколку песни и направи „луда“ атмосфера.

Инаку, Тамара периодов е актуелна со новата песна „Довидување таго“ која минатата недела беше промовирана заедно со видеоспотот.

Се работи за авторско дело, музика и аранжман на Роберт Билбилов, со текст на Игор Џамбазов, веќе проверена комбинација за песните на Тамара.

По долги три години, конечно најдов песна за себе – вели Тамара.

Видеоспотот е дело на Чедо Поповски. Погледнете и уживајте:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното