Наскоро се очекува апликација TikTok да се натпреварува со Instagram. Може да се нарече TikTok Notes, според сликите од екранот споделени од корисниците.
TikTok исто така потврди дека работи на развој на апликацијата, пишува TechCrunch.
Во изминативе неколку дена на корисниците им „излегоа“ известувања во врска со нова апликација за споделување фотографии. Велат дека компанијата наскоро ќе лансира нова апликација за објавување на фото-содржини – Notes и дека таму е можно споделување на постоечки фотографии, доколку корисниците го сакаат тоа.
TikTok потврди дека работат на апликацијата, но дека сè уште не е достапна.
„Како дел од нашата желба да го иновираме искуството на TikTok, истражуваме начини да ја поттикнеме нашата заедница да ја создава и споделува својата креативност преку фотографии и текст – во простор посветен на такви формати“, изјави портпаролот на TikTok за медиумот.
TikTok и Meta жестоко се натпреваруваат за просторот на социјалните медиуми. Додека кинекс апликацијата во сопственост на ByteDance се подготвува да лансира апликација за споделување фотографии, Мета лансираше видео плеер за мобилни телефони за Facebook.
TikTok исто така експериментира со различни формати, како што се 30-минутни видеа, па дури и текстуални објави, како оние на X платформата и (Instagram) Threads.