Трамп доби 2,5 милијарди долари за изградба на ѕид кон Мексико

Американскиот Врховен суд ѝ овозможи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп 2,5 милијарди долари кои Конгресот ги одобри за Пентагон, да ги пренасочи за изградба на ѕидот долж границата меѓу САД и Мексико, иако конгресмените одбиле да го обезбедат финансирањето на неговата изградба.

Трамп, на кому изградбата на ѕидот му беше централно ветување во кампањата за Белата куќа во 2016 година, преку Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд, нарекувајќи ја победа за „пограничната безбедност и владеењето на правото“.

 

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното