Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја продолжи извршната наредба за воведување бројни санкции кон Русија поради Украина за уште една година, се вели во претседателскиот декрет.
„Дејствата и политиките наведени во овие извршни наредби продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
Поради оваа причина, националната вонредна состојба прогласена во Извршниот налог 13660 мора да остане во сила и по 6 март 2025 година“, се вели во извршната наредба на Трамп.
Се додава дека поради сето ова рестриктивните мерки се продолжени за уште една година.
Станува збор за ограничувања против Руската Федерација што САД ги воведоа во 2014, 2018 и 2022 година.