Поврзи се

4NEWS.mk

Трескавец сеуште нема водовод

Published

on

И годинава нема решение за проблемот со водоснабдувањето на манастирот Трескавец. Иако изградбата на новите конаци вредна околу 2 милиони евра е скоро готова овој горлив проблем не дозволува да се направи технички прием. Трескавец годишно го посетуваат над 20.000 туристи, а моменталните извори можат да ги задоволат потребите на само 10-тина луѓе.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Како инвеститор се јавува Општина Прилеп која уште во 2012 година го изработи проектот. Се работи за изработување на каптажа долу во расадникот, тоа е старата чешма ии потоа водата треба да се качи околу 500 метри нагоре во карпите каде треба да се изгради и новиот резервоар“, истакна монах Калист.

Министерот за култура Хусни Исмаили истакна дека за водата како Министерство тие не биле надлежни и дека за тоа треба да се заложи Општината и другите институции или да се аплицира во странските фондови.

„Иако не е наша обврска ќе обидеме во рамките на нашите можности на Министерството, ако треба на ниво на Влада ќе актуелизира ова прашање за да најдеме заедничко решение“, рече Хусни Исмаили, министер за култура.

„Ние правиме напори и со локалната самоуправа и со надворешни фондови, ги спомена министерот. Исто имаме контакти и со Министерството за транспорт и врски, значи нема да го оставиме тој проект незавршен“, додаде Блаже Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.  

Но иако има желба нема конкретно ветување кога ќе се изгради водоводот.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

4NEWS.mk

Скопјанец уценувал малолетна прилепчанка дека ќе објави фотографии доколку не остварат средба

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

4NEWS.mk

Таткото на Ангела сведочеше во судот: Ниту јас, ниту сопругата не знаевме дека Фуркан ѝ е дечко!

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com