Поврзи се

4NEWS.mk

Трет смртен случај од коронавирус – почина 66 годишна жена од Дебар

Published

on

Трета жртва од корона вирусот во земјата. На Клиниката за Инфективни болести почина 66 годишната пациентка од дебарско која десетина дена беше во критична состојба и на респираторна машина.

-Текстот продолжува по рекламата-

И покрај сите напори и реанимација, почина. Инаку во историјата пишува дека земала хронична терапија, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

 Разрешената директорка на Клиниката за кожни болести заразила петмина свои колеги. Тие биле позитивни на ковид 19 иако немале симптоми. Филипче најави дека ќе останат во домашен карантин и во постојан контакт со Инфективна клиника. Досега биле трстирани само 30 од контактите со докторката а останатите 170 ќе ги проверуваат етапно.

Какви тестови користите, дали се валидни бидејќи и во примерот со контактите од кожна по два негативни теста третиот е позитивен?

Покрај полицајци и двајца припадници на Армијата се позитивни на ковид 19 и тие се дел од 29-те заболени изминатото деноноќие. Вкупната бројка на заразени во државата се искачи на 177 од кои дури 108 се во Скопје. Загрижувачки е податокот дека околу 12 проценти од заболените се здравствени работници. Од тука се поставува прашањето ќе има ли кој да ги лекува пациентите доколку лекари и сестри мора да одат во карантин или изолација?

-Тоа што не загрижува е што овој број е голем уште на самиот почеток на битката, значи, главната војна се уште не е почната. Јас се надевам дека ќе остане на оваа бројка и следниот период нема да бидат драматични информациите, вели др. Нико Беќаровски, Клиника за Токсикологија.

Доктор Беќаровски кој освен во клиниката постојано е активен и на социјалните мрежи со совети и анализи вели дека мора да се почитуваат изречените мерки и препораки и без потреба граѓаните да не одат по болниците кои според него се едни од главните расадници на заразата.

-Што помалку одење на лекар, да се почитува што се кажува. Во петокот ми дојде еден постар господин кој бараше каде да ги исчисти ушите зошто сега немало гужви. Имам една изрека, Сега е моментот секој од нас да стане доктор, да седи дома со тоа ќе се заштити себеси и околината, вели др. Беќаровски.  

Вработените на клиниките велат дека е добро што во комплексот Мајка Тереза повеќе нема гужви.

-Веќе втора недела во скопските клиники примаат само итни случаи. Здравствените работници се на работните места, но речиси сите се во приправност бидејќи можат да ги повикаат како испомош ако дојде до зголемување на заболените со короа вирусот.

Инаку капацитетите на Инфективна не се пополнети. Кај четворица пациенти кои се лекуваат во оваа установа, по 14 дневниот престој тестовите покажале дека повеќе немаат корона. Тројца од нив деновиве и ќе ја напуштат клиниката доколку повтореното тестирње повторно биде негативно.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

4NEWS.mk

Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

4NEWS.mk

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

4NEWS.mk

Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот

Македонија

Лукаревска од УЈП во „Click Plus“ ги објаснува процедурите за користење на мерките на Владата

Македонија

Ангеловска: Се соочуваме со голем предизвик, ова претставува проблем за буџетот

Македонија

Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

Македонија

Што со работниците кои добиле отказ или понуден им е спогодбен договор? Одговара Ангеловска во #ClickPlus

Македонија

„Компаниите може да ги пратат работниците дома и да им исплаќаат 50% од платата“, вели министерката за финансии

Македонија

Министерката и заменичката за финансии ги споило коронавирусот, претходно само неколку пати се состанувале

Реклама