За вечерва се закажани настапите на Дафина Зеќири, Офкестара, Нита Речи и Јанг Би на The Park Festival, музичка манифестација која се организира во Гостивар.
На последната вечер, на 1 август ќе настапат и Елита 5, Зани бенд и диџејот Инер Нојз.
За време на фестивалот, пред вечерните термини во летниот театар на десниот брег на Вардар се организираат изложби, работилници и перформанси на млади артисти.
The Park Festival го организира продукцијата Ин Бокс Ентертејтмент и финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Гостивар.