Поврзи се

4NEWS.mk

Тројца повредени во верижен судар на автопатот Велес – Скопје

Published

on

Стравична сообраќајка на автопатот Велес – Скопје. Една жена се бори за живот на скопските клиники а 10 годишно дете е задржано на лекување во велешката болница. Несреќата се случила утринава на мостот непосредно пред зимскиот пункт.. Учествувале шест возила – пет автомобили и камион. Најсериозни повреди заработиле патниците од автомобилот кој удрил во задниот дел на камионот. 37 годишната жена веднаш била пренесена на скопските клиники. Таа е во кома а лекарите кај неа констатирале скршеници на главата и внатрешно крварење. Девојчето и 36 годишниот маж се на лекување во велешката болница.

-Текстот продолжува по рекламата-

Учесниците во сообраќајката кои не сакаа за зборуваат во камера  велат дека до несреќата дошло поради замрзнатиот коловоз и густата магла. Објаснија дека Автомобилот BMW  удрил во заштитната ограда, по што застанал камионот, па во него удрил и автомобилот во кој се превезувале жената и 10 годишното девојче.

Од јавното претпријатие за државни патишта велат дека условите на автопатот не биле причина за сообраќајката. Делницата била права и без дупки па се возело многу брзо.

Од АМСМ изминативе денови предупредуваат за намалена видливост на потегот Велес Катланово. Во утринските часови таа е е помала и од 50 метри.

Инаку поради сообраќајка, денеска времено затворен беше и автопатот кон Штип кај наплатаната рампа Миладиновци.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ приморано гласале за „Северна“, во НАТО нема веќе да ја игнорираат придавката, а ќе се борат против корупцијата

4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

4NEWS.mk

Патеките и летниковците на велешко езеро „Младост“ од годинава секојдневно ќе се одржуваат

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

Македонија

Премиерот бара разрешување, Царовска молчи, Мизрахи вели не добила буџет од Владата за промена на таблата

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com