Цел Прилеп и делови од Битола и Кавадарци во мрак!

Цел град Прилеп, како и потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци останаа без електрична енергија.

Според информациите, има дефект на 110 КВ далновод, а екипите на ЕВН работат на терен за што побрзо нормализирање.

„Општина Прилеп информира дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот со снабдувањето со електрична енергија.

Станува збор за дефект на далноводот Прилеп – Кавадарци, поради што голем дел од градот и населените места се без струја.

Општината ги замолува граѓаните за трпение и разбирање, и соопштува дека е во постојана комуникација со службите и ќе ги информира за сите нови информации“, велат од општината.