Раперот Реља Поповиќ неодамна ги загрижи фановите кога објави на својот Инстаграм од болница и откри дека е на операција.
Тој објави видео со маска на лицето во кое вели дека во текот на денот ќе му биде извршена операција на раката, а со нови информации ќе се јави за неколку часа кога ќе заврши операцијата.
„Животот е чудна работа, сега ќе ја оперирам раката“, рече раперот.
На објавената фотографија Реља лежеше во завои, а се уште не се знае што точно се случило со раката на раперот.
„Бидејќи брат ви не може да лајвува и да ја најави песната, ќе го направиме вака. Песната излегува во 15 часот, пишете во коментар, слушајте, ќе ги читам коментарите кога ќе можам. Ве бакнува братот“, гласеше пораката на Реља на неговиот Инстаграм профил.