Утрово најстудено е на Попова Шапка со измерени 0 степени.
Потоа следува 1 степен во Маврови Анови, Крива Паланка, Лазарополе, 3 во Прилеп, Тетово, Крушево, 4 во Берово, Претор, 5 во Велес, Скопје-Петровец, Охрид 6 во Штип, Кавадарци, Битола, Виница, Скопје-Зајчев Рид, 7 во Струмица, 8 во Демир Капија, 9 во Гевгелија.
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 27 см.
Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне до 12 степени.