Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот концерт им честитала на ватерполистите за златниот медал на Олимписките игри.
„Голема чест е вечерва да бидам со вас. Морам да им честитам на ватерполистите за златниот медал и на сите спортисти кои жестоко се бореа под знамето на Србија во текот на овие Олимписки игри во Токио“, посочи Цеца, а веднаш следуваа аплауз и овации на стадионот.
Фолк дивата ги редела своите популарни песни на концертот кој траел два часа, а забележани се и автобуси со патници од Македонија, Бугарија.