Ципрас: Договорот од Преспа удри по ножот на национализмот и квази патриотизмот

Договорот од Преспа беше тежок договор, бидејќи удри по ножот на национализмот и квази патриотизмот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, во говорот посветен на иднината на Европа, на потребата да се формира прогресивен блок пред евроизборите во борбата со национализмот и радикалната десница, на крајот од еднодневната конференција под наслов  „Просперитет за сите во една одржлива Европа”, организирана од Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите од Европскиот парламент, претставништво на фондацијата Фридрих Еберт во Грција и Институтот за истражување и политичка стратегија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пред еден месец во грчкиот Парламент изгласавме еден многу, многу тежок, но исто толку неопходен за земјата, но и за целиот Балкан, можеби симболично, и за Европа, важен договор. Договорот од Преспа. Тоа беше тежок договор, бидејќи беше удар во ножот на национализмот и квази патриотизмот. Некои рекоа дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност. Дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност и оваа цена, политичката цена. Во клучен момент го ризикувавме парламентарното мнозинство. Ризикувавме и тоа кусо пред почетокот на изборниот циклус, кусо пред евроизборите, без разлика на цената, рече Ципрас.

Извор: ТВ21