Ципрас се подготвува за посета на Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува да има посета во Северна Македонија во почетокот на следниот месец според планот на Кабинетот на Владата и грчкото МНР.

Се подготвува делегација што ќе го придружува, во голем дел ќе бидат бизнисмени од Северна Грција. Туризам, градежништвото, енергијата ќе бидат некои од областите на кои ќе се стави акцентот.

Пред Велигден, пак, се очекува да се реализира посета на Зоран Заев на премиерската палата.

Ципрас рече дека многу бргу ќе биде првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис делегација.

Извор: ТВ21