Демонстрантите од „Еден од пет милиони“ за утре најавуваат нови протести, а ќе бидат и на пладне во 12 часот кога претседателот Александар Вучиќ најави и обраќање во врска со вечерашните протести и упадот во РТС.
Во своето второ вонредно обраќање, министерот за внатрешни работи на Србија изјави дека едно лице е приведено вечерва при упадот во РТС.
„Во секој иден случај, кога едно лице размислува за нешто да реши нешто со насилство, полицијата соодветно ќе дејствува. Во наредните денови, надлежните државни власти ќе ги добијат сите информации за луѓето кои извршиле кривични дела и ќе постапи по сите барања, бидејќи Србија е сериозна држава, во која владеењето на правото значи нешто”, рече Стефановиќ.
Вечерашниот упад во РТС го осудија и од Здружението на новинари на Србија.