Овогодинешните претставници на Евровизија од Македонија и Бугарија, Васил Гарванлиев и Викторија Георгиева вечерва ќе настапат заедно на концерт во црноморскиот град Приморско.
Концертот ќе започне во 21 часот, ќе биде на отворена сцена во близина на Општината Приморско, а со него ќе се отвори и меѓународниот камп „Приморско креативен камп 2021“
Организаторите за медиумите велат дека Гарванлиев со нетрпение го очекува концертот.
„Бугарската публика е одлична. Секогаш ме поздравува со многу љубов. Многу сум среќен што можам да ја споделам сцената со Викторија“, порача Гарванлиев.
Инаку, на концертот ќе настапи и победничката на популарното ТВ шоу „Бугарија бара талент“ – Валерија Војкова, а на музичкиот спектакл ќе му се придружат македонско-канадскиот композитор, музички продуцент и пијанист Давор Јордановски, како и унгарскиот композитор и уметник Џони Палмер.
„Приморско креативен камп 2021“ се одржува со поддршка на Општина Приморско и Форест Бич Ресорт.