Велат дека сум станал ѕвезда преку ноќ, а јас 10 години работев на тоа – на Исак животот му се променил од корен

Популарниот пејач Исак Шабановиќ своето место на естрадата го доби со натпреварување на „Ѕвездите на Гранд“.

Големата популарност како кај нас, така и во регионот ја стекна по својот специфичен глас.

Тој вели дека ова го сакал цел живот, а работата конечно му се исплатила.

„Велат дека сум ѕвезда преку ноќ, но јас работев за ова 10 години. Има се, некогаш ми беше малку чудно, Тешко се навикнав. Животот ми се смени од корен, сега имам повеќе можности, запознав познати личности кои порано ми беа достапни само на ТВ. Понекогаш знае многу да ми пречи кога сите луѓе ме гледаат без причина“, посочува Шабановиќ за српски Курир.

Исак посочува дека добивал пораки, меилови и разни понуди, но во моментов се уште нема најдено девојка.

На прашање дали се навикнал на животот во Белград и каде моментално престојува, Исак додава дека моментално е во Бело Поле каде одмара со семејството.

„Вистина е дека јас сум единствениот Црногорец кој не се снашол во Белград, но од септември ќе барам стан и ќе морам да се навикнам на таа брзина која ја носи градот со себе“, вели Исак.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното