Викендов поројни врнежи од дожд – ќе има и снег!

Управата за хидрометеоролошки работи денеска преку соопштение информира каков викенд ќе имаме.

Според нив, ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и поројни.

„Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег“, велат од таму.

Инаку, локален дожд се очекува попладне и кон крајот на денот, а ќе дува и слаб до умерен променлив ветер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното