На Канскиот филмски фестивал е објавено дека студиото „Вистбрук“ на Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит и „Нетфликс“ ги здружуваат силите и заедно ќе го направат продукција на филмот „Алхемичарот“.
Се работи за истоимениот роман на Паоло Куељо
Себастијан де Соуза, Том Холандер и Шоре Агдашлу ќе бидат во главните улоги во филмот. Кевин Фрејкс е режисер. Снимањето е закажано за во Мароко, за септември оваа година, додека пак премиерата ќе биде во 2022 година.
Според „Нетер филмс“, „Стотици милиони луѓе нашле инспирација во ’Алхемичарот‘ последниве три десетлетија и ги оствариле своите соништа“, слушајќи ги своите срца и никогаш не губејќи надеж кога би биле исправени пред несреќи.