Поврзи се

4NEWS.mk

Владата формира оперативен тим за борба со криминалот и корупцијата

Додека обвинителството го истражува случајот Рекет, Владата формираше тим за безкомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Оперативниот тим го предводи министерот за внатрешни Оливер Спасовски, членуваат министерката за правда Дескоска, заменик-министерот за внатрешни Агим Нухиу, директорите на Бирото за јавна безбедност, Финансиската полиција, Царинската управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за национална безбедност.

Владата на Република Северна Македонија бескомпромисно ќе работи со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега. Оперативниот тим е целосно подготвен  да се стави на располагање на Јавното обвинителство и на судовите во остварување на нивните законски обврски се вели во писменото соопштение.

Министерот Спасовски и претходно изјави дека институциите будно ги следат истрагите и помагаат да се задоволи правадата.

Секако тука државните институции имаат најголем удел, тие се најодговорни и сите заедно со Обвинителството, со судиите мораме да постигнеме резултати. Затоа треба секој еден којшто е за правдата во државата  којшто е чесен, одговорен да се издвојат и во судството и во Обвинителството. Мислам дека сега е еден добар момент сите заедно енергично да се спротивставиме  на секаков вид криминал. МВР и јас лично ќе стоиме на располагање да помагаме, односно да ги преземеме сите мерки со коишто ќе бидеме задолжени од ЈО од надлежниот суд се со цел да биде задоволена правдата, вели министерот за внатрешни работи Спасовски.

Власта која го создаде криминалниот октопод, спроведе милионски рекет монтираше судски случаи и што ли уште не, сега формира оперативен тим за бескомпромисна борба со корупцијата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Слушнавме дека Заев барал ургенции за разрешување на Претседател на суд, а сега треба да веруваме дека човекот кој има толкаво искуство во криминалот, не знае дека работата на МВР, УБК, БЈБ, УЈП, Финансиска полиција, УФР, Царинската управа и другите институции од областа на безбедноста и финансиската контрола имаат законска обврска да се борат против криминалот и корупцијата, се вели во писмената реакција на опозиција.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com