Поврзи се

4NEWS.mk

Владата одобри приватизација на Македонска пошта

Published

on

Приватизација или јавно приватно партнерство – концептот кој државата ќе го понуди ќе биде клучен за успешна продажба на Македонска Пошта. Додека не се види физибилити студијата, која државата треба да ја подготви до крајот на годината, експертите не сакаат јавно да ја  коментираат најавата на премиерот Заев. Но велат – евентуален  купувач сериозно би ја подобрил услугата, со што неминовно ќе биде и зголемување на цените.  Во моментов никој не сноси одговорност за загубени пратки, евентуалиот купувач тоа нема да го телерира. Треба да се види и колкави се вкупните долгови и дали ќе биде изводливо од загуба да се направи успешна фирма со задржување на сите вработени.

-Текстот продолжува по рекламата-

Од почетокот на годината до сега, според податоците на министерството за финансии  , имаат долг од 1 милион евра. За плаќање ќе стигнат уште 2 милиони до крајот на годината. Вкупните загуби пак, според Ревизорските Извештаи изнесуваат 10 милиони евра.

Со години Македонска Пошта ја раководи кадар на ДУИ. Вработени се 2,500  лица, претежно партиски  војници.  Во речиси сите ревизорски Извештаи се констатирани неправилности, – се давале големи попусти за поштенски услуги, аванси за службени патувања, без покритие, на раководни позиции се поставувале луќе без соодветно образование.  И покрај трупањето долгови, директорите секоја година си се наградувале со високи бонуси.

Пошта беше мета на вооружени напади и ограбени експозитури пред речиси сите избори. Но, до сега,  ниту сторителите , ниту парите не се најдоа.

За приватизација на Пошта предупреди и сопственикот на Еурсотандард банка, Трифун Костовски. Според него, власта прво ќе ја обезвредни компанијата, па ќе се делат откази, за на крај некој да ја купи за евтини пари.

Инаку ова ќе биде 2 обид за продажба на Пошта. Првиот беше во 2009 та година, кога Канадски пошти сакаа да ја купат. Но државата се откажа без образложение од продажбата и плати пенали од над 200 илјади кандаски долари.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Совет за етика во медиуми

Македонија

Ковачев: Бугарија не е фашистичка држава, ниту владеел некој фашист, ниту пак царот Борис е фашист

4NEWS.mk

Ќе доцнат ли платите во ноември?

Македонија

Поштата пропадна, кој ќе сноси одговорност? – Директорот молчи, Владата лош менаџер

Македонија

Дилема меѓу ДУИ и СДСМ за „државни патишта“? – ТВ21 дознава дека ЕУ ќе додели 1 милијарда евра за инфраструктура

4NEWS.mk

Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување

4NEWS.mk

Првичните анализи готови – Имало ли коронавирус во Македонија и пред 26 февруари?

Македонија

Таравари: Да се формира широка коалиција поради Ковид-19, а потоа со локалните одиме и на парламентарни избори

Македонија

Филипче: Мини жаришта во моментов се Скопје, Штип и Струмица, овие мерки кои ги предлагаме ќе дадат резултат ако се почитуваат

Македонија

Со 1,3 милиони евра си купувал плацеви на Водно – ОЈО: Донациите за партијата, завршиле кај Груевски

Македонија

„Ако сега Бугарија ја спречи РСМ кон ЕУ – нема да може да се користат европските фондови“

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com