Влез во Црна Гора и со негативен сереолошки тест

Црногорските власти ги изменија протоколите за влез во државата и за државјани од држави од „жолтата листа“ ќе биде дозволен влез и со негативен серолошки тест, кој не е постар од 72 часа и издаден од верификувана лабораторија. Досега во Црна Гора можеше да се патува со негативен ПЦР тест и позитивен среолошки тест. 

-Во Црна Гора, како и до сега, без дополнителни услови можат да велгуваат граѓаните од државите во регионот кои се на „зелената листа„, додека државјани од држави на „жолтата листа“ во Црна Гора можат да влезат со позитивен резултат на сереолошки тест – антитела класа IgG, кој е издаден од регистрирана лабараторија и КОЈ не е постар од 30 дена. Државјани од сите држави од „жолтата листа“  исто така можат да влезат во Црна Гора и со негативен резултат од сереолошки тест на антитела класа IgM, или со негативен резултат од ПЦР тест, кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 72 часа. Услов е сепак лицето во период од 15 дена пред влез во Црна Гора да не патувало во некоја држава од „црвената листа“ , односно во некоја од земјите за кои не е дозволен влез во Црна Гора, стои во владината одлука, која стапува на сила по објавување во Службен весник.

 

Марјан Николовски

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното