Поврзи се

4NEWS.mk

ВМРО-ДПМНЕ побара денеска да биде разрешена Катица Јанева, власта најавува посебна седница

Мнозинството на СДСМ со 58 гласа одби разрешувањето на специјалната обвинителка да се најде на дневен ред на денешната седница и со тоа се стави во заштита на нејзиниот криминал, обвини опозицијата.

Во СДСМ велат дека не дозволиле Јанева денеска да биде разрешена бидејќи постоел договор со ВМРО-ДПМНЕ оваа одлука да биде донесена на посебна седница. Сепак од владејчката партија не може да гарантираат дека седницата за разрешување на Јанева воопшто ќе се одржи пред 15 септември, денот кога законски истекува нејзиниот мандат.

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека имало било каков договор со СДСМ. Од партијата побараа Џафери денеска да закаже итна седница на која разрешувањето на Јанева би била единствената точка на дневниот ред.
Дали и кога Џафери ќе закаже седница за разрешување на Јанева од неговиот кабинет до овој момент нема одговор.
За разрешувањето на Катица Јанева потребно е мнозинство од 80 пратеници. Доколку мнозинството на СДСМ и ДУИ не закаже седница пред крајот на оваа недела, Катица Јанева ќе се спаси од разрешување бидејќи според законот, нејзиниот мандат и официјално ќе заврши.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com