Во суд донесени осомничените кои чувале 31 дете во куќа во Брчко!

Тројца осомничени за трговија со деца во четвртокот беа донесени на распит во Обвинителството во Брчко.

Во придружба на двајца полицајци, осомничената за трговија со деца во четвртокот била донесена на распит во Обвинителството во Брчко поради сомневање дека во куќата чувала 31 дете. Потоа, околу 12.50 часот во истото обвинителство на распит се донесени уште двајца осомничени за истото кривично дело. Едното лице се криело, а другото веднаш потоа било донесено.

Станува збор за постара жена која при приведувањето насмеана се шеташе со полицајците.

Да потсетиме, 31 дете, на возраст од неколку месеци до 12 години, пред два дена беа пронајдени во семејна куќа во месноста Брчко, во населбата Ивици.

Шест од децата имале хрватски пасоши, а како што пренесуваат тамошните медиуми, децата во куќата ги чувале три лица кои ги обучувале да питачат и ги подготвувале да заминат во некоја од европските земји. ЕВРОПОЛ се вклучи во случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното