Војаж призна дека не знае да пее – „Јас сум шоумен и изведувач, нема потреба да лажам“

Раперот Михајло Веруовиќ – Војаж проговори за пеењето, кариерата и народната музика.

„Тука сим да направам се што може да се слуша, а народните песни, кога ни се споменува нас помладите, се турка како нешто лошо. Тоа не е лошо, тоа е музика која ги одбележа последниве 30 години и тоа не нешто кое мораме сите да го почитуваме. Би сакал да видам како би се снашол со некој кој изведува народна музика. Јас, искрено, не знам да пејам“, посочи Војаж.

Тој вели дека поради тоа што не знае да пее, не може ни во кафана да оди и да пее.

„Едноставно на настапите носам луѓе, пет илјади лица доаѓаат да скокаат и дивеат и тоа е супер енергија. Јас не сум пејач, туку шоумен и изведувач. На мене е само со своето знаење во продукцијата и авторството да направам хит, но кога ќе излезам на бина не е моја суштина да луѓето бидат воодушевени од моето пеење, туку да се пушти песната и преку неа да се направи што подобра енергија. Имам доста добар слух и ја познавам музичката теорија, знам да правам музика, пред се јас сум автор и композитор Едноставно сум искрен, немам кого да лажам“, додава Војаж.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното