Вучиќ: Не може да се признае Косово, а да не се добие ништо за возврат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека со Косово мора да сѐ постигне компромис и рече дека не може да се признае Косово, а да не се добие ништо за возврат.  „Пред сѐ мора да постигнеме компромис. Не можеме да го признаеме Косово, а ништо да не добиеме од другата страна“, кажа Вучиќ во интервју за италијанската агенција АНСА.

„За разлика од косовските лидери кои секој ден ги лажат своите граѓани со нереални ветувања дека Приштина ќе добие сѐ, а Белград ништо, мојата должност е на Србите да им го објаснам значењето на компромисот (со Приштина) кој не претставува пораз туку победа. Победа за иднината на Србија“, наведе Вучиќ.

Повтори дека Белград нема да го продолжува дијалогот со Приштина сѐ додека косовските власти не ги укинат царините од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Извор: ТВ21