Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли прибегнаува кон нов трик кога најавува укинување на таксите за српските производи, за што би требало да разговараат преговарачките тимови на Белград и Приштина.
„Јас ќе им кажам на убав српски јазик – залудно варосувавте, нема ништо од таа работа, малку вразумете се, па со разумна платформа да седнеме да разговараме, рече Вучиќ во обраќањето пред граѓаните во Смедерево, во рамките на неговата кампања „Иднината на Србија.”
Вучиќ оцени дека неодговорноста на политичарите во Приштина, е благ збор за да се опише нивното однесување.
„Што сакате, да не уценувате, да не сметате за будали, тој филм нема да го гледате“ рече Вучиќ.
Тој им порача на граѓаните во Косово да не се грижат, бидејќи државата Србија е со нив.