За утре во 12 часот е најавено обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод вечерашните протести и упадот на демонстрантите во зградата на РТС.
Дел од демонстрантите кои учествуваа на вечерашниот протест „1 од 5 милиони“ во Белград упаднаа во зградата на државната телевизија РТС. Во зградата пристигнала и полицијата, а поединци ги удирале полициските службеници кои не реагирале.