Затвор за професорите Шуклев и Ристевски од Економски факултет, барале пари и секс од студентски за оценки

Професорите Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет се осудени на четири и пол, односно четири години затвор зошто барале пари и секс од студентки за оценки, а демонстраторот Драган Денковски осуден со условна казна од две години доколку во следните 5 години не го повтори делото, зошто посредувал помеѓу студентките и професорите.

Ова беше второ судење за предметот „Еразмус“, бидејќи во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација, кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев.

И професорите и демонстраторот добија забрана за вршење дејност во рок од 5 години, а времето поминато во затвор ќе им биде засметано во казната.

Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барал и сексуални услуги од студентки.