Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер денеска попладне ја погоди Србија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 14:43 часот по локално време.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 6 километри.
Земјотресот бил на околу 64 километри јужно од Чачак, град со над 117 илјади жители, и 14 километри северозападно од Соколовица, населено место со околу 1.000 жители.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.