Жена (76) од Србија, која од синоќа беше пријавена како исчезната во близина на Солун, е пронајдена мртва утрово кратко по 8 часот наутро, во морскиот регион, јавува Прототема.
Србинката, која исчезна доцна вчера попладне, е пронајдена во морскиот дел од плажата Агија Триада во Солун, откако во потрагата бил вклучен хеликоптер на крајбрежната стража.
Таа е прогласена за мртва на местото на настанот.