Поврзи се

4NEWS.mk

Жито Лукс e во процес на модернизирање на производството, односно дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно

Published

on

Најголемиот производител на леб и брашно во државата Жито Лукс во процес е на имплементација на голема инвестиција односно модернизирање на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. 

-Текстот продолжува по рекламата-

Техничкиот систем што ќе се имплементира е еден од најмодерните системи достапни деновиве на пазарот во ЕУ. Ова ќе овозможи безбедно и одржливо продолжување на деловните активности на компанијата што би значело зголемена ефикасност и флексибилност во производството на различните  видови леб.

„Горди сме, што и покрај сите предизвици оваа година, ќе спроведеме процес на модернизација на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на системот на дистрибуција на брашно во нашата фабрика за леб. Оваа инвестиција е најголема од низата спроведени изминатите 10тина години. Токму поради овие инвестиции сме во можност постојано да ја прошируваме палетата на производи и да воведуваме нови стандарди на пазарот се со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите и да пресретнеме нови трендови во прехранбената индустрија. Конкретно оваа инвестиција ќе ни овозможи да работиме поефикасно и е од огромно значење за квалитетна одржливост на бизнисот“, изјавија од Жито Лукс. 

Loading...

Во изминатите 10 години компанијата имаше неколку позначајни инвестиции. Имено компанијата вложи во нова линија за производство со што го зголеми степенот на автоматизација на процесот на производство на тост и двопек и во исто време го зголеми производствениот капацитетот на овие две групи производи. Дополнително, како позначајна инвестиција во опрема се издвојува инвестицијата во линијата за пастеризација на лебовите, а придобивките од истата се следни: задоволување на потребите за зголеменото производство на пастеризирани лебови, зголемен рок на производите без употреба на конзерванси, стабилен и контролиран квалитет.

Целта на компанијата е да се развива и понатаму, воведувајќи нови производи, задоволувајќи ги потребите на потрошувачите, а меѓу другото и да се помогне онаму каде што е неопходно. Имено, во време на кризата со КОВИД еден од приоритетите на компанијата е да помогне на социјално загрозените групи граѓани. Во рамките на општествена одговорност компанијата оствари донација на производи на неколку здруженија, институции и организации за помош и поддршка на најранливите категории. 

Во овој период од исклучително значење е посветеноста на вработените во Жито Лукс кои покажаа подготвеност да одговорат на сите предизвици. Токму поради нивната посветеност компанијата покажа дека и во вонредни околности квалитетот и потрошувачот останаа приоритет. 

 

Извор: Сител телевизија

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Димитров на средби во Брисел

4NEWS.mk

Рот: Бугарија да не поставува нови услови за преговори

Македонија

„Беса“ цели да формира парламентарна група – никој не потврди дека ќе и помогнат со пратеници

4NEWS.mk

Обвинителството чека пријава за кражбата на починат пациент во Струмица

Македонија

Граѓански протест за затворање на депонијата „Русино“

4NEWS.mk

Филипче најавува нови рестриктивни мерки: Маска на отворено и кога сте сами, ограничен број лица на маса во кафеана

Македонија

„Родителите да отстапат место во градинките на оние чии деца нема кој да ги чува“, вели Шахпаска

4NEWS.mk

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

Македонија

Разногласие кај политичарите околу етничките вработувања – Бектеши апелира политичарите да ја прочитаат владината програма

4NEWS.mk

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

4NEWS.mk

ЕКСКЛУЗИВНО: Бугарскиот меморандум во целост објавен

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

4NEWS.mk

СДСМ: Нема да коментираме ставови од земја каде има политичка дестабилизација

Македонија

Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

Македонија

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Македонија

Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

Македонија

Касами: Приватните компании треба да спроведат двојазичност, бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат добро македонски

Македонија

По барањето на Бугарија – Џафери: Идентитетот на граѓаните е потврден

Македонија

Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, јас сум дома, никаде не бегам

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com