Зимница што ќе ви го згрее срцето: Закиселениот лук е гурманско чудо!

Состојки:
  • 1 шолја бел вински оцет
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • мајчина душица
  • неколку зрна бибер
  • излупени чешниња лук

Во помал сад загрејте оцет, шеќер и сол, оставете да зоврие, додајте зачини и додека сè уште е врело, прелејте ја смесата врз чешнињата лук што сте ги наредиле во претходно стерилизирана тегличка.

Добро затворете ја теглата и чувајте на собна температура и до два месеца.

Вака закиселениот лук најдобро оди како салата со ладни предјадења, но вие слободно можете да му најдете и друга креативна намена.