10.000 дози вакцини за деца пристгнуваат во Македонија

„За да се заштити јавното здравје и за да се рестартира економијата како јавен интерес, Владата ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за идната година. Утврдена е потребата од набавка на 500.000 дози од производителот Фајзер, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози“, информираа портпаролите на Владата Арсовски и Хоџа.

По ова прашање, портпаролите додадоа дека Комитетот за имунизација и понатаму ќе ги следи препораките на Светската здравствена организација, а за количината, доколку е потребно и постои интерес ќе бидат набавени и дополнителни дози за оваа категорија граѓани, односно деца.

„Важно е да укажеме дека вакцинацијата се одвива без закажан термин и единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или старател“, појаснија портпаролите.

Поврзани вести

Најважното