МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-10 Берово, -8 Попова Шапка, -7 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, -6 Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, Прилеп, -5 Велес, Демир Капија, Охрид, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница, Куманово, -3 Кавадарци, 1 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
< 1 Битола, Маврови Анови, Крушево, Тополчани.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.