Македонија

11 лица пријавени за незаконит лов во Конче

11 лица пријавени за незаконит лов во Конче

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола за ловење на дивеч во ловиште и во ден понеделник, кој со одлука на Управниот одбор на Здружение ловечко и риболовно друштво „Студенец“ од Конче не е одреден како ден за лов, отишле на лов на диви свињи во атар на с.Габревци, општина Конче.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни