Македонија

12-годишно момче исчезна во Скопје: Веќе седум часа нема трага од момчето

12-годишно момче исчезна во Скопје: Веќе седум часа нема трага од момчето

Во Скопје денеска исчезна 12-годишниот Сабах Сулејмани откако се качил во погрешен автобус.

Детето е од населбата Злокуќани, а во моментот на исчезнувањето носело тегет јакна и зелен ранец. Случајот е пријавен во полиција, а роднините апелираат до сите граѓани кои имаат каква било информација за него да ги контактираат или да се јават во најблиската полициска станица.

Веќе седум часа нема трага од момчето, а семејството е во голема неизвесност и загриженост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни