Свет

12 лица починале од труење во ски-центар во Грузија

12 лица починале од труење во ски-центар во Грузија

Вкупно 12 лица загинаа од труење со јаглерод моноксид во несреќа во ски-центар во Грузија, соопшти полицијата, пренесе АФП.

Телата на 11 странци и еден грузиски државјанин се пронајдени во спална соба над ресторан во Гудаури во северниот дел на кавкаската земја.

Полицијата додаде дека „прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство врз телата“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни