Македонија

14 девојчиња со возраст под 15 години минатата година станале мајки!

14 девојчиња со возраст под 15 години минатата година станале мајки!

Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци за новороденчиња, а може да се види дека изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени.

Бројот на новороденчиња лани е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.

ДЗС вели дека во текот на минатата година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години, додека пак просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.

Поголемиот дел биле машки деца, односно 50,9 отсто, што значи на 100 женски деца, 103.6 се машки, а според месецот на раѓање, најголем број се родиле во месец август или 1558 деца.

Вонбрачни се 2.056 деца или 12,3 отсто од вкупниот број на новороденчиња, додека пак генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни