Денеска се навршуваат 15 години од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охрид.
Оваа несреќа се случи на 5 септември 2009 година, околу 10. часот, кога на околу 200 метри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и целосно потона туристичкиот брод „Илинден“.
На бродот имало 56 патници, туристи од Бугарија, кои патувале кон Свети Наум.
Во несреќата загинаа 15 лица.
На местото е поставено ново спомен обележје на загинатите туристи.
Споменикот е поставен веднаш до пешачката патека.