На ден 11.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активни се 2 пожари, под контрола е 1 пожар, а 12 пожари се изгаснати.
Активни пожари:
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);
Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација).
Пожар под контрола:
Општина Делчево – градска депонија (депонија).
Изгаснати пожари:
Општина Виница – с. Блатец (ниска вегетација);
Општина Штип – населба Света Петка (ниска вегетација);
Општина Центар Жупа – с. Горенци (депонија);
Општина Кичево – с. Бачинци (ѓубре);
Општина Лозово – непосредно до Филтерната станица за вода (ѓубре);
Општина Куманово – населба Средорек (ѓубре);
Општина Врвеница – с. Милетино (шумски пожар);
Општина Желино – с. Долна Лешница (ниска вегетација);
Општина Теарце – с. Слатина (ниска вегетација);
Општина Врапчиште – с. Врапчиште, кај ресторанот Чифлик (ниска вегетација);
Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Сарај – с. Долно Свиларе (мешана шума и ниска вегетација).