Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски револуционер и визионер. Централното чествување ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што ќе се положат цвеќиња, а ќе учествуваат премиерот, претставници од Собранието и други институции. По повод одбележувањето ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата.
Чествување ќе има и во Штип, каде што ќе се положат цвеќиња пред бистата на Универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе се одржи и беседа и настапи на академски хорови.
Оваа година нема да има заедничко чествување со Бугарија, бидејќи Бугарија не добила покана од Северна Македонија.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Бил член на ТМОРО и организирал борба за слобода на македонскиот народ. Убиен бил на 4 мај 1903 година од турска војска. Неговите посмртни останки се наоѓаат во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје од 1946 година.