Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава се натпреваруваа пливачи од осум држави.

Покровителката на маратонот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, им ги додели наградите на најдобрите учесници на годинашното издание.

Во женска конкуренција, победата и ловоровиот венец ги освои аргентинската пливачка Мајте Ален Пука. Кај мажите, прв низ целта пристигна Италијанецот Алесио Окипинти, кој исто така го понесе ловоровиот венец.

Особено внимание привлече 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков, кој стигна трет до целта и го освои бронзениот медал.

Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците, како и на сите учесници, истакнувајќи ја нивната издржливост, посветеност и спортски дух. Таа им посака добро здравје и уште многу спортски успеси.

Пливачите се натпреваруваа на патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, која започнува од Свети Наум и завршува кај Охридското пристаниште.

На годинашното издание учествуваа вкупно 16 пливачи од осум држави – 11 во машка и пет во женска конкуренција. Меѓу нив беа и четворица македонски претставници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни